Москва: Украина да биде федерација

Руското министерство за надворешни работи ја повика Украина да се организира како федерална држава и да распише нови избори.

Во соопштението кое што денеска беше поставено на страницата на Министерството, се апелира украинскиот парламент да свика конструктивно собрание за да подготви нацрт на новиот устав. Со тоа земјата ќе добие федерално здружување и повеќе овластувања ќе им се дадат поголеми овластувања на регионите.

Од руското министерство за надворешни работи истакнуваат дека овие предлози се дел од настојувањата на Москва со дипломатски средства да ги намали тензиите во Украина.

Москва инсистира на тоа украинските региони да добијат поширока автономија и земјата да усвои „неутрален политички и воен статус“.