Руските воздухопловни сили ликвидирале повеќе од 90 полски платеници, кои киевските власти го нарекуваат доброволци, во напад во источниот украински Харковски регион, соопшти меѓу другото, во четвртокот во редовниот дневен брифинг на руското Министерство за одбрана.
Во информациите на руската војска, кои не можат да се проверат од независни извори и се соопштуваат загубите само на украинската страна, се наведува дека 90-те полски наемници биле ликвидирани во близина на местото Боровское во областа на Харков, како резултат на удар со високопрецизно оружје на руските воздухопловни сили.
Полските борци во редовите на украинските вооружени сили, според процени и на западни и на руски извори, се најбројни во ткн Странски легион и на боиштето во Донбас се присутни уште од избувнувањето на украинската граѓанска војна по превратот во Киев во 2014 година, па следствено претрпуваат и најголеми загуби. Според неофицијални податоци од отворени извори и медиумите, во борбите од февруари годинава по почетокот на руската инвазија, во Украина загинале најмалку 1.200 борци.
Според руската страна, меѓу нив има и редовни припадници на полската војска кои според новиот договор меѓу Киев и Варшава за повластувањата на полските граѓани во Украина можат регуларно да служат во украинските регуларни сили.
Во денешниот извештај Москва тврди и дека во југоисточната украинска област Запорожје, од која околу 70 отсто е под контрола на руските сили, биле онеспособени пет повеќецевни ракетни системи MLRS од американско производство и германските MARS-II. Покрај тоа, во местото Илчевка, на граничните области од Доњецкиот регион кои уште се под контрола на украинските сили, според истиот извор, биле уништени два лансирни американски системи за високопрецизни проектили со долг дострел HIMARS.
Во извештајот за дејствијата на долгиот украински фронт во изминатото деноноќие, министерството за одбрана наведува дека руските војски ја продолжуваат офанзивата во правец на стратешката област крај Красниј Лиман (Лиман) каде биле убиени 60 украински војници, а биле пешадиски борбени возила и уште две специјални воени возила.
Во продолжение на извештајот се наведува дека во Купјанск, во Харковската област, во напад на руската воена авијација биле „уништени“ над 70 украински војници и пет воени возила. Во Доњецк, пак, при обидот на украинските сили да изведат противнапад во близина на местата Спорно и Берество, според истиот избор, украинската војска загубила повеќе од 50 војници, а во одбивање на украински напад во областа Николское загинале уште 30 украински војници.
Во прегледот се наведува и дека бил уништен украински ракетен систем „Точка-У“ крај Харков и радарска станица за противбатериски борни од американско производство „AN/TPQ-50“ во Доњецк, а руската противвоздушна одбрана во изминатите 24 часа собориле украински хеликоптер „Ми-8“ и пет беспилотни летала.