МОТ: Поради високите температури ќе исчезнат 80 милиони работни места

Меѓународната организација на трудот, МОТ, објави студија со проценка дека топлотните удари и зголемените температури ќе предизвикаат катастрофални економски и работни последици во 2030 година. Најголеми губитници ќе бидат сиромашните.

Според проценките на МОТ, покачените глобални температури ќе доведат до намалување на работните часови за 2,2 проценти, што ќе изнесува 80 милиони работни места помалку до 2030 година. Економските загуби од климатските промени се прoценуваат на 2,400 милијарди долари.

Авторите на студијата ги изведувале анализите врз основа на конзервативната проценка дека глобалните температури до крајот на веков ќе бидат зголемени за 1,5 степени.

„Најмногу ќе настрадаат работните места на отворено. 60% од згаснатите работни места ќе отпаднат во земјоделството, 19% во градежништвото, а остатокот во сообраќајниот, туристичкиот и спортскиот сектор.

Најмногу ќе бидат погодени сиромашните земји па јазот меѓу нив и развиениот свет допрва ќе се зголемува, констатира МОТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.