МОТО ГПМаркез завршил со фрактура и ќе мора да оди на операција

Марк Маркез имаше неверојатна трка на отворањето на новата Мото ГП сезона, но не успеа да ја заврши откако излета во еден свијок, при што беше јасно дека е веројатно да заврши со некоја повреда.

Најновите информации од таборот на Репсол Хонда велат дека актуелниот светски шампион заработил фрактура на горниот дел на раката, нешто што било утврдено со првите снимања во болницата каде беше префрлен Маркез.

– Докторите утврдија фрактура на раката и тоа во нејзиниот горен дел. Се останато ќе биде детално проверено во болницата.

– Засега не можеме да кажеме ништо за периодот на рехабилитација, – изјавил Алберто Пуч, директор на Репсол Хонда.

Мото ГП истовремено потврди дека Маркез во вторник ќе биде опериран за да се санира фрактурата.

Маркез денеска остана без пласман иако доминираше на патеката и стигна до третото место откако најпрвин излезе од патеката и мораше да ги претекнува сите ривали.

Следниот викенд ќе се вози уште една трка во Херез, но мали се шансите Маркез да се појави на патеката.