Мотоциклист и тинејџер пешак тешко настрадаа во сообраќајка во Скопје

84

Млад мотоциклист од Скопје и тинејџер од кумановско се хоспитализирани во четвртокот попладнето по сообраќајниот инцидент што се случил на булеварот „Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучка „Дијамант“.

Како што нформираа од СВР Скопје, мотоциклот „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од 24 годишниот А.Л. од Скопје, удрил во пешак 19-годишниот С.С. од селото Тромеѓа, кумановско.

Во незгодата пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.