Мотоциклист од Скопје тешко настрада во кичевско

Во втоникот околу 13,25 часот на крстосница на магистрален со локален пат кај кичевското село Другово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот З.С. од селото Другово и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот И.М. од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.