Мотоциклист повреден во Тетово

Мотоциклист бил повреден откако се судрил со автомобил во Тетово вчера попладне.

„На 16.05.2020 во 15.00 часот на ул.„Љуботенска“ во н.Голема Речица во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.З.(42) од  н.Мала  Речица  и мотоцикл „лонгиа“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.А.(32) од н.Голема Речица.“ велат од полиција.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.