20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 09.08.2022 во 00.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од с.Љуботен-скопско и моторцикл “вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л.(25) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклoт , констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.