Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Велес

На 28.08.2022 во 21.15 часот било пријавено дека во Велес на крстосницата од ул.“Алексо Демниевски“, ул.“Вардарска“ и ул.“Наум Наумовски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл “пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(43) од Велес и патничко моторно возило “шевролет круз“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Н.(49) од Германија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.