Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 07.02.2021 во 17,50 часот кај бензинска пумпа на магистрален пат Скопје – Граничен премин„Блаце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Х.С.(59) од Р.Косово и моторцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Б.(39) од Струга, информира МВР.

По незгодата А.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле константирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.