Мотоциклист тешко повреден во Струмица

На 09.02.2023 година во 15.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на раскрсницата од улиците „Орце Николов“ и „Моша Пијаде“ во Струмица Д.П.(60) од Струмица, управувајќи мотоцикл „пежо“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.