Мотоциклист тешко повреден кај Велес

Архивска илустрација

Мотоциклист во Велес во вторникот претпладнето се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот, иформираа од СВР Велес

Сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на улицата „Коце Димов – Витамин“ во Велес, кога 63-годишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен до ЈЗУ Општа болница во Велес, а оттаму препратен во Ургентен центар во Скопје.

Како што информираше Марина Андова,, портпарол на ЈЗУ Општа болница од Велес, при рентген снимка и преглед од хирурзите кај повредениот биле утврдени скршеница на десна потколеница и уште неколку скршеници или политраума на ногата.

Како што информираат од СВР Велес, по овластување на Јавното обвинителство увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес.