Единаесет годишно дете, пешак, вчера попладне било удрено од мотоцикл кој го напуштил местото.
Несреќата, информираат од полицијата се случила на улицата „134“ во Тетово околу 18:20 часот.
Повредениот пешак пренесен е во тетовската болница и задржан за натамошна опсервација.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на мотоциклот и лицето што го управувало.