Мотоциклист загина во обид да собори Гинисов рекорд

Мотоцклистот каскадер Алекс Харвил, загина во четврток додека вежбал рушење на светскиот рекорд во скок со мотоцикл, пишуваат американските медиуми. Харвил загина на 28 годишна возраст.

Официјалните лица од областа Грант во Вашингтон, каде што се случил кобниот скок, кажаа дека во петок ќе биде извршена обдукција како би се утврдил начинот на смртта.

Алекс планирал да го сруши светскиот рекорд на Австралиецот Роби Медисон од 2008 година кој изнесува 106 метри. Неговиот подвиг бил закажан во четврток, после вежбата која го чинеше живот.