Мотоциклистот Шерпен почина по падoт на Рели Дакар

Францускиот мотоциклист Пјер Шерпен, кој задоби тешки повреди на главата по падот во седмата етапа од релито Дакар 2021, почина пет дена подоцна во текот на трансферот до Франција, објави во петокот организаторот на релито.

„Во текот на транспортот со авион од Џеда во Франција, педесети двегодишниот Шерпен им подлегна на повредите здобиени во падот во седмата етапа од Ха’ил до Сакаки на 10-ти јануари“, се наведува во соопштението на организаторот.

Шерпен падна на 178-от километар од седматата етапа во Саудиска Арабија. Со хеликоптер беше пренесе во болницата во градот Сакаки каде беше подвргант на операција на и оттогаш беше во индуцирана кома.

За Шерпен ова беше четвртото учество на релито Дакар, а по шестата етапа беше 77-ми во генералниот пласман меѓу мотоциклистите. Французинот настапуваше на натпреварувањата во 2009, 2012 и 2015 година, во периодот кога релито поради безбедносната ситуација во арапскиот свет се одржуваше во Латинска Америка.