Моторџија од Словенија повреден во судир со автобус

Државјанин на Словенија бил тешко повреден во судир на мотори, автомобил и автобус, вчера на магистралниот пат Гостивар- Кичево, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.40 часот кога се судриле автобус непозната марка, автомобил „сеат ибица“ управуван од Р.Ч.од Скопје и два мотоцикли „јамаха“ со словенечки национални ознаки.

Во несреќата тешко бил повреден Словенецот С.Ш.(37), кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар. Поради сериозноста на повредите моторџијата бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.