Моторот на папата Франциско продаден за 210.000 евра

Моторот марка „Харли Дејвидсон“ на папата Франциско беше продаден за 210.000 евра. „Харли“-то беше изложено на аукција во Париз, а неговиот нов сопственик остана анонимен.

Папата на подарок доби два мотора, од компанијата-производител минатата година по повод 110 -годишнината од нејзиното основање.

Поглаварот на Римокатоличката црква го подари едниот од нив, кој е со негов автограм на резервоарот. Продажната цена на машината ја надмина пазарната вредност за овој модел, што се движи меѓу 12.000 и 15.000 евра. Продадена беше и рокерската кожна јакна на папата за 57.000 евра.

Парите се наменети за италијанска добротворна организација која ќе отвори народни кујни за сиромашни.