Може ли Ајакс да го сопре Реал, Тотенхем ослабен против Борусија

Актуелниот европски првак Реал Мадрид го започнува вториот дел од Лигата на шампионите во Амстердам, каде што „Кралевите“ во средата ги очекува првиот натпревар од осминафиналето против Ајакс, а во вториот дуел на вечерта во Лондон ослабениот Тотенхем ја пречекува Борусија Дортмунд.

Станува збор за дуели на фудбалски институции, клубови кои освоиле 36 меѓународни трофеи. Реале поуспешен со 26 титули, од кои 13 се шампион на Европа, додека Ајакс освои 10 трофеи, од кои четии европски титули.

Меѓуота, „Копјаниците“ со години немаат остварено позначаен резлтат во елитното натпреварување на Стариот континент. Последен пат клубот од Амстердам се проби во четвртфиналето на Лигата на шампионите пред 16 години. Повеќето стручњаци сметаат дека на Ајакс тоа нема да му појде од рака и оваа сезона. Реал, се чини, дека ја најде својата игра и во клучната фаза од сезоната влегува во вистинската форма.

„Ајакс нема ментална сила да му се спротистави на европскиот првак“, напиша во својата колумна поранешниот холандски репрезентативец Вилен ван Ханегем кој со Феенорд ги освои некогашните Куп на шампионите и Купот на УЕФА.

Ајакс по зимската пауза доби само две од последниет пет натпревари, а доживеа тежок пораз од 2:6 од Феенорд.

Реал во последните седум натпревари постигна шест победи, при што одигра 1:1 на „Камп Ноу“ против Барселона, а потоа со 3:1 го совлаа градскиот ривал Ателтико на неговиот стадион „Ванда Метролопитано“.

Исто така, Реал последниет шест години успешно минуваше во осминафиналето, а ги доби последните меѓусебни средби против Ајакс, последен пат „Копјаниците“ ги елиминираа „Кралевите“ во 1973 година во Купот на победниците на куповите.

Еден од ретките фудбалските стручњаци кои сметаат дека младиот тим на Ајакс може да го запре европскиот шампион е Луј ван Гал. „Оваа екипа на Ајакс е исто толку квалитетна како и онаа во 1995 година кога последен пат ја освои европската титула. Нема да му биде лесно на Реал“, предупредува поранешниот тренер на Ајакс, Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн.

За капитенот на Реал, Серхио Рамос, ќе биде 600-ти наптревар во дресот на „Лос Бланкос“ и моментално е седмиот играч според бројот настапи за клубот,. На врвот е легендарниот Раул со 741 натпревар.

Во вториот вечерашен меч се среќаваат Тотенхем и Борусија Дортмунд. Досега овие клубови се среќавале четири пати, а секој клуб впишал по две победи. „Спарси“ минатата сезона ги добија двата меча против „Банкарите“ во групната фаза. Во Лондон беше 3:1, а впо Дормунд 2:1, но Борусија беше подобра во 2016-та во осминафиналето од европската лига. Тогаш ги доби двата меча, со 2:1 и 3:0.

За Тотенхем голем хендикеп ќе претставува отсустовото на најдфобриот играч и стрелец Хари Кејн, но и на Деле Али. Во поставата на Борусија, пак, нема да биде Мајко Ројс.

„Тотенхем го очекува тешка ноќ. Ворусија има одлична екипа“, порача Џејдон Малик Санчо младиот англиски репрезентативен кој во Борусија дојде во 2017 година од Манчестер Сити.