Можен терористички напад во Лондон за Нова година

Можен терористички напад во Лондон за Нова година
Можен терористички напад во Лондон за Нова година

Британските безбедносни власти покренаа тревога во Лондон за пречекот на новата 2016 година во центарот на британскиот главен град, стравувајќи од можен терористички напад, пишува МИА.

Тревогата е покрената откако разузнавачките агенции добиле предупредување за можен напад на милитантни исламисти и џихадисти со огнено оружје, сличен на терористичките напади во Париз од 13 ноември или на напад од подметната бомба поставена меѓу масата луѓе собрани на улиците или на некое друго јавно место.

Според лондонски „Дејли Телеграф“, ваквото предупредување е добиено од разузнавачки агенции на „пријателски земји“ и тоа се однесува и на деновите меѓу божикните празници и Нова година.

Весникот открива дека директорите на британското контраразузнавање се сретнале со министерот за внатрешни работи Тереза Меј околу безбедносната за празницоте и за мерките што треба се преземат за да се спречи еветуален џихадистички напад.

Вакво предупредување добиле и безбедносните служби на уште неколку западноевропски престолнини, а руските власти дискретно веќе ги предупредија жителите на Москва, порачувајќи им дека најбезбеден дочек на Новата година ќе имаат ако останат во своите домови.

Властите во Лондон не размислуваат за ваква опција, а претседателот на парламентраната Комисија за безбедност, Кит Ваз се спротивстави на евентуалното откажување на дочекот на 2016 година во центарот на Лондон, предупредувајќи дека нема место за кревање паника.

Контраразузнавачите и министерката Меј, сепак, се договориле на „максимална будност“ и ставање на сите безбедносни сили, вклучувајќи ги и специјалните единици, во состојба на готовност.

Бројот на вооружените полицајци низ лондонските улици уште веднаш по париските терористички напади е двојно зголемен, а сега е договорена вооружени полициски сили да се распоредат околу Лондон, во деновите до Нова година и во текот на новогодишната ноќ.

Секоја година на улиците околу бреговите на Темза, како и на плоштадот Трафалгар, за новогодишната ноќ се собираат меѓу половина милион и еден милион туристи и Британци.