Можеше ли Русија да и’ помогне на Македонија?

Да

Дали и’ помогна?

Е тука е широк поим. Додека ние се возбудуваме на изјави од амбасади и министри од највисок врв како се залагаат за Македонија, за Уставното име, за нашето право за смоопределување, неменување насилно на устав итн. итн… неодоливо ми се наметнува едно прашање и со тоа и само по себе одговор, не дека имам потреба или агенда да мразам некого или фаворизирам друг, далеку сум од тоа, да беше така ќе возев ганц џип и ќе имав куќа у Злокуќани, нејсе. Имаше ли шанска македонизмот да опстане? Не, не и не!

Без да навлегувам во историско – геостратегискиот циклус кој се врти глобално, а во кој ние сме само еден дел од машинеријата која понекогаш шкрипи, па се шприца масло за подмачкување, ако не се разработи се иде и со WD40, па и појаки лубриканти, и тоа оние нетендерозни, но кои сепак дозволуваат непречено функционирање на целата машина. Како нусефект е појавата на скоро безболно пенетрирање во многу длaбоки слоеви и ткива на кој вообичаено не е навикнато општеството, но го прима така полека и бавно додека го галат и му шепкаат на увце. Кoга малку пенетрираниот ќе почне да мрда, го смируваат со купче зелени банкнотици кои можеби не му ја намалуваат болката од пенетрацијата, но сепак таа продолжува се до миг кога нема назад. Е сега, на ориспијата и текнува дека дала да се клецка, за пари, ама не у тоа дупче. Тогаш малку погрубо, почнуваат да фрчат лубрицирани кондоми во боја. Во ова секако ќе се најде плејадата на корисни идиоти евтини, џанкофони и пола твитер заедница, која сеуште се плеска со талк под мишките умислени дека се сумо борачи за правда ред и поредок, а уствари полека и они осеќаат што многумина од нас го видовме како во германски филм од продукцијата на Тереза Орлофски, сега и ним им се случува – мачкање и тоа ритуално, со евтин лубрикант, бриљант, по цело тело, додека они мислат дека е тоа за борба, пентрацијата длабоко длабоко … Но, они завршија работа. Колку и да им се потсмеваме беа канон фодери ама истераа до крај, сепак, храброста и силата им доаѓаше оттаму дека имаат јака леџа, а имаа, имаа и тоа како имаа и ќе ја имаат уште некое време додека не заврши процесот на пенетрација со ејакулација.

Да се вратиме на рујканите. Никогаш, ама никогаш, во име на никаква правда нема да си ги расипат своите многуи поважни односи со Грција и Србија заради Македонија, запоменете еднаш засекогаш. Жалам што е така, но во геостратегијата нема милост. Ние не сме ама баш никад на нивната карта. Оние кои ја милуваат Русија како наш сојузник најчесто квичат дека ние сме требало први да побараме помош? Абе дај не ме ј…!

Русија формално ќе биде на страната на законите, меѓународното право, уставот и правдата, но во Совет за безбедност при ООН, ако дојде до некаво гласање нема да гласа против новото име на Македонија, и не, не е ова моја „какализа“, напротив ова е официјален став на Русија. И тука никој нема што да и замери, се е ОК, и изјавите и идните постапки. Но, кукмњавчењето оти не сме се свртеле накај Русија не држи на братјата тука која апологетски каса како религиозна секта. Русија ја остави Македнија на Сорос, кој секоја година, еври факинг јиар, 25 по ред, уфрлаше пари со сума од околу 5 милиона долари годишно за медиуми, плус X милиони како дечјиот додатак од амабсади ЕУ и остало.

Другата страна била и останала со стапот во рацете. Дијаспората фрли пари на кретени маргиналци да се чудиш каде ги испотрошиле и на што кои не успеааја да инспририаат повеќе од 1.000 стечајци и кутри пензионери кои овака или онака преку екс џандари им фрлија некоја сича.

Пазете и да се тоа некави сериозни пари од дијаспора или руска нафта, гола вода е споредено со овие. Русија никогаш не отвори свое претставништво на РТ, „Итар Тасс“, „Правда“ или кои агенции ги имаат денес, појма немам, но ако искрено мислеше да ја помогне Македонија, да ги поддржи оние кои имаа знаење моќ и влијание во медиумите за такво нешто во оваа борба за иднетитет и космичка првда. Барем 10 новинари можеа да прават р’шум за името, уставот и некаква братославна унија за пола тисучу јуричи, редовно вработени во пар медиуми. За овие 25 години, колку Сорос фрла кеш овде на дибеци, кои сега палат и гасат само затоа што пиеја бистра вода на изворот, а осталите правдољубци останаа жедни у пустињата и барате од оскатени, истоштени луѓе да урлаат, викаат, бранат? Погледенети ги на режимските ТВ, сите накачиле по 10 кг. па и плус, седат со прекрстени нозе, како знак на арогнација оти им се може. Сите амабсади од ЕУ и Сорос ги нафатираа со пари „Шарените“ за следните 5 години. И кој ќе им парира? Пар лудаци на „Фејсбук“ и „Твитер“? Пар дегени на „Јутјуб“? Пар гости редовни на аналпес? Дечки, битката е изгубена не оти едните се подорби од другите, или едните биле во право дурите не, НОП, само затоа што они имаа пари – вие не! Па, опозицијата и нејзините медиуми не можат да задржат ритам на редовна плата, а камо ли да регрутираат армија на поддржувачи.

Доналд Трамп ја доби битката и стана претседател само со добро хендлање на медиуми, ништо друго. Има армија од новинари и куќи, кои овака или онака, од било која причина, најчесто идолошка, но ја поддржуваат неговата агенда.

„Шарените“ се и идеолошки таму каде што се, на барикади, но и платени се добро и редовно. Дури и кога беа во опозиција, ниту еден не остана на улица, ниту еден не остана без средства за живот, ниту еден не беше прогонет од своите медиуми дури и кога газдите на куќите правеа дилови со претходната власт. Власт денес не се добива со повици на правда и добра воља, а меѓународна помош не е згодна тактика од говорница кога ќе ти фрли ишрет, туку силна и здрава медиумска поддршка. Македонија нема таква од никого и од никаде.

ВМРО ДПМНЕ е само во оваа борба и иделошки и финансиски, а народот? Народот ќе чека исход, па ќе види дали и како ќе се приклучи… како 41-ва кога масовно излезе и ги поздрави Бугарите како ослободители, а 5 години подоцна партизаните, 5 денеции потоа НАТО војниците итн. итн… Затоа оваа битка е само вербална демагогија која тешко се добива без силна финансика поддршка.

Русија не ја даде.

Америка и тоа и шаком и капом.

СИТЕ МУАБЕТИ НА КРАЈ ЗАВРШУВААТ ЗА ПАРИ – Бранко Црвнековски

Автор: Јанко Илковски за НетПрес