Можете и Уставот да го смените со 61 пратеник, и онака е тоалетна хартија за вас

По денешното изгласување на измените во Изборниот законик без опозицијата реагираше и професорот Димитар Апасиев од „Левица“, кој на пратениците од власта им порача дека можат и Уставот да го сменат со 61 пратеник, бидејќи и кон него се однесуваат како кон тоалетна хартија.

Знаете нели дека ова е спротивно на чл. 2 од Пржинскиот договор (2015) и на сите уставни обичаи – како материјален извор на правото. Или сега кога сте на власт не важи ништо за вас!? Ама, заборавате дека сите шо се му се курчеа на овој народ додека беа на власт, више не се. Тешко на вас ко ќе паднете. Да не сум ви во кожата, бедници непрокопсани , напиша Апасиев на својот профил на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.