Може ли милионското богатство на Мијалков да му обезбеди мирен живот во бегство

Поранешниот долгогодишен шеф на безбедносните служби во ресорите за одбрана и за внатрешни работи Сашо Мијалков веќе трет ден е недостапен за органите на прогонот и се претпоставува дека веќе се наоѓа надвор од земјата. Но бегството во странство секогаш претпоставува и поседување добра материјална база која ќе овозможи да се обезбеди и натамошно живеење во илегала поради опасноста од екстрадиција или едноставно плаќање на одредени структури кои ќе помагаат во тоа.

Мијалков за кого се пишуваше дека „само небото му е граница“, во изминатиот период подолг од деценија, стана синоним за неограничена моќ и богатство. Во текот на изминатите години неговиот материјален статус честопати беше под оспервација на медиумите, и во земјата и во странство, а целото семејство Мијалкови се доведе во поврзаност со компании и фирми кои се активни со милионски бизниси со нафта, градежништво, обезбедување, хотели, недвижности. Според официјалните податоци во македонските институции, како што е Централниот регистар, самиот Сашо Мијалков се јавива само како сопственик на фирмата „Спин груп“, која во 2018 година пријавила профит од само 40.000 денари, води и боксерски клуб и фондација „Свети маченик Димитриј Солунски“, а се јавува и како управител во фирмата „Mакпоинт“.

Меѓутоа, од упатените во деловниот свет во земјата и од она што преку отворени извори може да се дознае, е дека мрежата од компании на Мијалков се распространува на неговите деца, но се увидува дека и притоа целата сопственичка структура е испреплетена и ја затскрива целосна слика за сите можни бизниси на семејството и добивките коишто се остваруваат во земјата, но и во странство.

Јордан Мијалков, постариот син на поранешниот шеф на военото разузнавање и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) се јавува како сопствени на компанијата „Бест Веј Инвестмент“, која во моментов е блокирана од УЈП. Во портфолиото на оваа компанија, пак, се други фирми, кои повторно откриваат сопствеништво во нови групи фирми од различни дејности – од нафтата, градежништво, хотели, фармација, до игри на среќа.

Токму преку „Бест Веј Инвестмент“, којашто според податоците на Управата за јавни приходи за 2020 година должи по основа на данок над 18 милиони денари, и градежничката фирма „Дивелоп груп“, Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел „Мериот“. Семејството поседува две фирми за трговија со нафта и бензински пумпи „Бест Веј Оил“, „Поинт Оил Транспорт“ и „Ом Петрол“, а и кај двете управители се блиски на Јордан Мијалков. Помалиот син на поранешниот шеф на тајната полиција, пак, има само една фирма „Васт енг“ чија дејност е компјутерско програмирање а е регистрирана неодомана.

Во оваа мрежа компании се уште и „Макс Бет“, чијашто дејност се игрите на среќа и обложувалници, боксерски клуб и хотелот „Мериот“.  Но покрај таканеречните јавни бизниси, за Мијалкови се врзуваат и многу тајни деловни активности. Една од најуспешните анонимни фирми кои беа поврзувани со поранешниот шеф на УБК е офшор компанијата „Ексико“ за којашто и покрај тоа што никогаш не беше откриен вистинскиот сопственик, често има партнерски односи и милионски бизниси со фирмите на Мијалков. Компанијата официјално е активна, но е под блокада на УЈП.

Покрај бизнисите во земјата, Мијалков поседува фирми, апартмани и недвижнини во странство, кои се проценуваат на суми и од неколку милиона евра.

Меѓутоа, особено интересно е што нето добивката заработувачката токму на компанијата „Бест Веј Инвестмент“ се зголемила за речиси 4.000 проценти, токму по доаѓањето на власт на СДСМм и Зоран Заев. Имено според податоците кои се јавно достапни, добивката на „Бест Веј Инвестмент“ во 2018 година изнесувала 4.721.031 денари, следната 2019-та изнесувала 189.807.563 денари или остварила раст од неверојатни 3.920 отсто. Во истиот периот втора година по ред и хотелот „Мериот“ остварил приходи во изнбос од 7,5 милиони, што е за 9 отсто повеќе од претходната 2018 година. Популарниот хотел лоциран во самиот центар на главниот град, е управуван од компанијата „Хотел Гранд М“, но тоа што го прави посебен и најуспешен е фактот дека приходите ги остварува сам. Особено е интересно е што станува збор за период по смената на името, кога дел од поранешната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, лојални на Сашо Мијалков, му го овозможија неопходното мнозинство на Зоран Заев да го промени уставното име на земјата.

Засега не е познато во која странска дестинација Мијалков би можел да најде прибежиште и би бил безбеден дека нема да им биде испорачан на македонските власти. Може да се претпостави дека таа локација би била надвор од конитнентот, бидејќи изминатата година Европската унија изведе силен притисок врз земјите коишто издаваа ткн „златни пасоши“, во прв ред Кипар и Малта“, да ја прекинат практиката издавање на државјанство на лица од не-ЕУ земји за возврат на депонирања големи средства или милионски инвестииции, кои така ќе добијат можност непречено да се движат и дејствуваат на нејзината територија. Но на таквите практики се наклонети и земји од непоредното соседство, па јавноста се присетува како на пример минатата деценија поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра доби државјанство на Црна Гора, бегајќи од прогонот во неговата татковина.