Може ли премногу овошје да биде нездраво?

Сите знаеме дека е здраво да се јаде едно јаболко на ден. Но, што е со две, три, четири, пет, десет? Може ли премногу овошје да биде нездраво? „Дефинитивно може“, одговара германскиот лекар Карстен Лекутат. Овошјето содржи фруктоза, затоа и е толку вкусно и слатко. „Фруктозата е конечно сепак шеќер, со сите проблеми кои произлегуваат од премногу шеќер“, вели тој.

Едно јаболко ве прави здрав, три често резултираат со масен црн дроб, објаснува.

Кога црниот дроб ќе се замасти, повеќето претпоставуваат дека е тоа поради алкохол. Всушност, вели Лекутат, во 20 до 30 отсто случаи тоа нема врска со алкохол, туку е последица од премногу фруктоза. Значи, треба да се јаде само зеленчук?

Не, одговара Лекутат. „Би бил среќен кога многу од моите пациенти би јаделе повеќе овошје затоа што луѓето, генерално, јадат премалку. Но, вреди да се размисли кој вид на овошје го јадеме и која количина затоа што не е сето овошје еднакво богато со шеќер.

„Бананите, јаболката, сливите имаат многу повеќе шеќер од портокалите или шумското овошје“, објаснува нутрицинистката Антје Гахл. Таа препорачува пет порции овошје и зеленчук на ден. Притоа, зеленчукот има приоритет.

На пример, две парчиња овошје, три зеленчук. Не е неважно ниту како се консумира овошјето. „Свежото овошје е подобро од процесуираното“, напоменува Лекутат и додава дека во сокот од овошје има повисоки концентрации и побрзо доспева во крвотокот, поради што д-р Лекутат не е поборник за сок од портокал наутро.

Многу стручњаци не се воодушевени ниту од смути. „Кога ќе ги погледнете сите состојки, веројатно не би изеле толкава количина овошје во еден обрк. Но, во течен облик тоа ќе се случи многу брзо“, вели Гахл. Дали тоа значи дека треба да се откажете од сок од портокал наутро или од смути за појадок?

Одговорот е повторно – не. Со други зборови консумирањето на овошје треба да се прилагоди кон животниот стил. Кој сака да го почне денот со сок од портокал, мора и да вежба за да го потроши внесениот шеќер.