Можни се кривични пријави по убиството на сетот на „Rust“

Некои од лицата кои биле задолжени за подготовка на оружјето на снимањето на вестерн-филмот „Rust“ во продукција и улога на Алек Болдвин, би можеле да се соочат со кривични пријави за смртоносното пукање во кое загина снимателката Халина Хатчинс.

Окружната обвинителка на американската сојузна држава Њу Мексико, Мери Кармак-Олтвис, соопшти во петокот дека сѐ уште не донела никаква одлука по прашањето на подигнувања обвиненија, но дека секој што бил „задолжен за оружјето на сетот има должнсот да се однесува на начин да биде заштитена безбедноста на другите лица“.

„Кога истрагата ќе биде завршена одредени поединци би можело кривично да одговараат за своето дејствување или недејствување на сетот на Rust“, додаде обвинетелката без да посочи кога истрагата би можело да биде завршена.

Нејзината објава дојде по телевизиското интервју со Алек Болдвин емитувано во четвртокот на телевизиската мрежа ABC, кој го држел пиштолот во моментот кога бил истрелан куршумот кој ја уби снимателката Халина Хатчинс и го рани режисерот Џоел Соуза во октомври во текот на вежбање за сцената со извлекување на оружјето на ранчот „Бонанца Крик“ близу Санта Фе.

Болдвин во интервјуто рече дека не верува дека е одговорен за убиството на Хатчинс, и дека не мисли оти ќе биде кривично гонет. Повтори дека му било кажано оти пиштолот е празен и оти тој како актер не е одговорен за проврека на пиштолот ни со што е наполнет.

„Чувствувам дека некој е одговорен за тоа што се случи, но знам дека тоа не сум јас. Би се убил да мислев дека јас сум одговороен, и не го кажува ова туку-така“, изјави Болдвин во разговорот со новинарот Џорџ Стефанопулос во својот прв јавен коментар по несреќата.

Властите во Санта Фе своето внимание го насочуваат на прашањето како боева муниција се нашле на снимањето на вестернот, односно кон оружарите за кои имало поплаки и критики и на претходни сетови.