Можно е бројот на починати од Ковид-19 во Франција да е многу поголем од официјалните податоци

25

Бројот на починати лица од новиот коронавирус во Франција е многу поголем од официјалните податоци на Владата, кои известуваат само за смртните случаи во болниците и не ги вклучуваат оние кои починуваат дома или во домовите за старци, изјави денеска претседателот на Француската асоцијација на болниците, Фредерик Валету.

– Ние ги знаеме само податоците дадени од болниците… Дури и според официјалните податоци, порастот е веќе голем, а апсолутните бројки несомнено би били многу поголеми, ако се додаде она што се случува во домовите за стари лица, како и луѓето кои починуваат во своите домови, нагласи Валету.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.