Можно е Македонија да оди со повеќе од 23 фудбалери на ЕП

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) би можела да им дозволи на националните тимови да пријават повеќе од 23 фудбалери за претстојното Европско првенство (ЕП), закажано од 11 јуни до 11 јули, во 12 градови во исто толку држави.

– Одлуката сè уште не е донесена, предлогот се разгледува – изјави денеска портпаролот на Европската куќа на фудбалот.

Националните селектори, вклучувајќи го и македонскиот Игор Ангеловски, имаат рок до крајот на мај да го испратат до УЕФА списокот со 23 фудбалери, кои ќе настапат на ЕП.

Можеби ќе ве интересира
Играчи на Јуве биле на забава, го прекршиле…

Плусинфо 01/04/2021
Ангеловски победата ја посвети на сопругата која водела…

Плусинфо 31/03/2021
Сепак, изминатите неколку недели, повеќе селектори се огласија со желба бројот на фудбалери за претстојното ЕП да биде зголемен, истакнувајќи оти фудбалерите се под голем притисок поради згуснатиот распоред во националните лиги и репрезентациите, како и позитивните случаи на коронавирус и задолжителната изолација што влијае врз нивната физичка подготвеност.

Предлогот за зголемување на бројот на играчи прв во јавноста го изнесе белгискиот селектор Роберто Мартинез, кој во изјава за локалните медиуми, предложи репрезентациите да можат да предложат „26 или дури 27 фудбалери“.

– Не знам дали УЕФА ќе нè послуша. Мислам дека тоа би можел да биде добар чекор – коментираше италијанскиот селектор Роберто Манчини, додека неговиот француски колега Дидие Дешамп додаде дека „проширувањето на списокот за две или три нови имиња би било добра работа“.