Можноста за смрт од ковид-19 се намалува со лековите за холестеролот, покажува новата студија

Лековите за намалување на холестеролот можат да ја зголемат можноста за преживување на инфекција со ковид-19 и да го намалат ризикот од развој на потешка форма на болеста, покажуваат резултатите од новата студија.

Во анализата на над 10.000 лица примени во 140 болници во САД покажала дека лековите за намалување на холестеролот, како и лековите за крвен притисок, ја намалуваат смртноста за 40 проценти кај оние кои ги земале пред хоспитализација.

Луѓето кои земале само лекови за холестерол, имале 46% поголем ризик од смрт отколку пациентите кои користеле само лекови за висок крвен притисок, дури за 27%.

Сличен сооднос на резултатите е кога станува збор за прогресија на болеста, со истражување кое покажува дека луѓето третирани со статини имале 25% помал ризик да развијат потешка форма на коронавирус, додека оние кои земале лекови за регулирање на хипертензија го имале тој ризик од 11% .

Придобивките останаа дури и кога научниците ја зедоа предвид потрошувачката на други лекови, здравствените состојби и други податоци за пациентите, вклучително и нивното здравствено осигурување.

Придобивката од лековите е што тие можат да го ублажат воспалението во телото што често предизвикува сериозни исходи кај заразените со коронавирусот, тврдат истражувачите.

– На почетокот на пандемијата, бевме заинтересирани дали лековите за третман на болести на кардиоваскуларниот систем негативно ќе влијаат на инфекциите предизвикани од коронавирусот – изјави авторката на студијата, Лори Даниелс.

Таа додаде дека откриле дека не само што статините и лековите за намалување на високиот крвен притисок се безбедни, туку и дека можат да ги заштитат луѓето со коронавирус, особено оние кои страдаат од хипертензија и кардиоваскуларни болести.