Можностите за инвестирање во земјава претставени на бизнис форуми во Истанбул и Бурса

Можностите и условите за инвестирање во Македонија на два одделни бизнис форуми во организација на Стопанската комора за индустрија и трговија од Бурса и Индустриската комора на Истанбул, вчера и денеска ги претстави министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

– Имаме законски втемелна и транспарентна рамка за привлекување на нови инвестиции, со силна институционална поддршка која гарантира безбедност и долгорочен развој за бизнисот, стабилни и развојни економски параметри кои ја прават Северна Македонија атрактивна за нови инвестиции, порача Апостолска.

Пред присутните претставници на бизнис заедниците од Бурса и Истанбул, зборувајќи за деловниот амбиент во Северна Македонија, министерката Апостолска истакна дека владините економски политики содржани во мерките од Планот за економски раст создадоа атрактивно економско опкружување во кое странските компании се повеќе препознаваат интерес за отпочнување и водење на бизнис.

– Со напорна работа ја стабилизиравме економијата и овозможивме побрз и одржлив развој за бизнисот. Позитивни стапки бележиме во економските индикатори, пет квартали по ред бруто домашниот производ бележи раст над три отсто, индустриското производство бележи раст од над пет отсто, извозот расте со стапки од околу 15 отсто. Во делот на директните странски инвестиции минатата година имавме рекордно ниво од 625 милиони евра, успех кој беше нотиран и од страна на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), која Северна Македонија ја препозна како регионален лидер со раст од 260 пппроценти на странските инвестиции во 2018 година, рече Апостолска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.