Можно е излевање на реката Лепенец

Влажна и нестабилна воздушна маса моментално се наоѓа над сливното подрачје на реката Лепенец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информацијата во наредниот период се очекува брзо зголемување на водостојот на река Лепенец, како и на сите суводолици во границите на неговиот речен слив.

Предупредуваме на внимателноост и претпазливо движење покрај суводолиците и помалите реки во сливот на реката Лепенец каде се можни и спорадични локални излевања во наредниот период, велат од УХМР.