МПЦ со став за одложување на пописот

Поради растот на бројот на дневните зарази со коронавирусот и влошената епидемиолошката состојба со епидемијата на коронавирусот, Светиот Синод на Македонскатата православна црква – Охридска архиепископија повика приовремено да се одложу пописот на населението кое власта го закажа за почетокот на следниот месец.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 февруари 2021 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание врз актуелните состојби, случувања и појави. Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 февруари 2021 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание врз актуелните состојби, случувања и појави.

„Поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата кај нас, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи“, се наведува во соопштението.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.