МППС се демантира – сепак 40 илјади се сиромашните – вработени, а не половина милион

Македонската платформа против сиромаштија демантира дека земјава има половина милион сиромашни – вработени, алармантен податок кој за Алсат го обелодени Оливера Доцевска која е дел од оваа невладина организација.

Оттаму велат дека намерата била да се истакне дека во вкупниот број на сиромашни (кој е близу до половина милион) има и дел на вработени сиромашни (9% од таа бројка, или околу 40.000), а не како што се толкува дека сите овие се вработени -сиромашни.