МПЦ сепак, не го забранува Фејсбук

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја повлече одлуката со која на владиците, свештенството и на монаштвото им забрани користење на Фејсбук, информираат од Светиот Синод.

Синодскиот секретар епископот хераклејски Климент по денешната последна седница на Светиот синод на МПЦ за годинава информираше дека покрај другите тековни прашања владиците разговарале и за неодамнешната забрана за свештениците и монасите да ги користат социјалните мрежи.

Од МПЦ објаснуваат дека владиците добиле препорака разумно да се користи Фејсбук и дека забрана за користење на Фејсбук воопшто немало, туку тоа било погрешно сфатено.

„Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката“, изјави епископот Климент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.