Мрачна економска перспектива во блиска иднина за Украина

Минатиот петок Европската унија и Украина потпишаа договор за политичка асоцијација, а до крајот на годината ќе биде потпишан и економска дел, за создавање на зона за слободна трговија. Но не сите украински производи и се потребни на Европа, дел од нив треба да бидат сертифицирани, па малку украински производители ќе можат да излезат на европскиот пазар, пишува „Независимаја газета“.

„Без реформи економските можности за Украина се сомнителни. Новите власти во Киев ќе треба драстично да ги намалат буџетските трошоци и да воведат мерки за дерегулација. Ова ќе овозможи уништување на буџетската корупција, да се привлечат инвестиции, да се модернизира производството. Но тоа се среднорочни перспективи. Во блиско време постојат огромни ризици – првиот е од надворешна дестабилизација. Во втор план е прашањето дали Владата на Украина е способна воопшто да ги спроведе потребните реформи“, изјавил експертот од Институтот за јавна политика, Илдар Газизулин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.