Мрачното време на транзицијата, јавни тајни од 90-тите

Република Македонија помина низ многу премержја во текот на деведесетите години од минатиот век. Од една страна, се оствари вековниот сон- сувереноста, независноста, сопствена држава. Од друга страна, пак, мрачната транзиција. Фељтонот во новиот број на „Република“ е насловен како „Мрачното време на транзицијата – Јавните тајни на 90-тите“.

Го пренесуваме текстот во целост

8 Септември е денот кога Македонија се определи за државност. Оттогаш, Македонија и Македонците отворија нова страница, нова борба за зачувување на својот идентитет, својата посебност, своето човеково право за самоопределување, која трае и ден- денеска.

Но, ќе беше ли сѐ поинаку доколку во тие први години на државност националните интереси натежнаа врз личните интереси по кои се водеа наследниците на стариот систем? Ќе беше ли денеска Македонија економски многу посилна доколку не ѝ се случуваа афери тешки милионски суми долари, евра, германски марки?

Република започнува од следниот број нов фељтон, нова серија во која ќе пренесеме сведоштва на учесници и актери чие делување ги одбележаа деведесетите. Низ редовите во „ Мрачното време на транзицијата“,  ќе прочитате искази на политичари, новинари, директори, учесници во разни зделки во четири очи. Во ова потсетување на деведесетите ќе ја пренесеме атмосферата која што владееше во Македонија кога растот на БДП беше во минусно салдо, кога невработеноста растеше секојдневно, инфлацијата се дигна до 15 проценти на месечно ниво, а државата создаваше моќници кои управуваа со животите на луѓето злоупотребувајќи ја власта во услови на економска блокада од југот кон Македонија и светско ембарго кон северната граница.

Повод за овој фељтон се сѐ уште актуелните прашања во јавноста за тоа колкава ли ќе беше економската моќ на граѓаните, но и на државата доколку не се случеа криминалните активности поврзани со приватизацијата на општествениот имот?

t1

Приватизација „на тацна“

Првиот министер за правда на РМ, Ѓорѓи Наумов, во своето сеќавање за Република, посочи дека уште кога станувало збор за трансформација и приватизација на општествениот капитал, тогашниот министер за економија, Јане Миљоски, го повлекол законот со зборовите „ние ќе го решиме тоа на поелегантен начин“.

Во 1994 година кога СДСМ е на власт, се прават измени во кривичниот законик со кои одговорноста е избришана од управителите нсо тој капитал, односно од раководните лица и оние ки учествуваа во раскрчмувањето на фабриките кои прејдоа во приватни раце.

Законот потоа повторно е сменет, но штетата е направена, законот нема ретроактивно дејство.

Во 1994 година Миљовски го подготвува планот со кој се отуѓи капиталот од државата, се обезвреднија капиталните објекти за потоа по ниска цена да завршат во рацете повторно на луѓе блиски до власта. Односно, со приватизацијата обезвреднетите фирми им се нудеа на тацна на нивните директори, сите врзани со партијата на власт. Сите пак финансиски трансакции оделе преку сметките на една банка, чиј што директорисе луѓе од доверба на лидерот на СДСМ.

Генерациите се менуваат, генерациите само ги споменуваат како термини „транзицијата“, „ТАТ“, „криза со бензинот“, „Реј бан очила и коњи за МВР“, „празни аптеки и девастирани болници“, секојдневни шртајкови, улични менувачници, тепањето во Ѓорче Петров…

Генерациите и денеска се прашуваат за одговорноста при атентатот врз претседателот, загинувањето на првиот министер за внатрешни работи, убиства и самоубиства под чудни околности на сведоци на овие настани, генертациите се прашуваат за улогата на тогашната власт во шверцот со цигари, кафе, алкохол, отворањето на фри-шоповите, улогата и штедењето на министри во ТАТ, јавните набавки без тендери..

Генерациите и денеска се прашуваат какви ли ќе беа институциите во здравството доколку не се случеа криминални јавни набавки тешки стотина милиони евра, меѓу нив и заем од светската банка потрошен на климатизации и градење без дозволи и знаење на управните одбори? Што ли ќе значеше за Македонија вистински влез на странски капитал, на пример на германскиот автомобилски гигант Ауди, за што се вели дека бил одбиен за да се заштитат интересите на „влашкото лоби“ во власта? Колкави ќе беа штетите во економијата доколку во земјата влезеше странска компанија за доставување на нафтени деривати, на пример, колкав и дали ќе имаше ефект сопирањето на бензинот и нафтата од Грција? Но, и колку тоа ќе го спречеше шверцот со нафта кон со ембарго затворената Србија?

Колку семејства ќе преживеаа и ќе имаа сосема поинаков животен тек доколку не се случеа пирамидалните штедилници? Колкумина од 12-те илјади штедачи немаше да го раскрчмат имотот за полесна каматна заработувачка, и уште пострашно, колкумина од нив немаше подоцна да си го одземат жи2вотот рушењето на пирамидата ТАТ, Алфа-С, Лафци,„Џамаданче“, „Либерти“, „Македонија реклам“тешкистотици милиони германски марки?

t2

Афера ТАТ

Само видни членови на СДСМ во последен момент успеваат да ги подигнат парите од штедилницата ТАТ. Меѓу нив се и Благоја Стефановски, Силјан МИцевски, министри од кабинетот на тогашниот премиер Бранко Црвенковски.

Како последица на рушењето на ТАТ, огромен број од 12-те илјади штедачи останаа без никаква надокнада. Всушност каматните стапки во ТАТ, како и во другите пирамидални штедилници, беа многу поголеми од оние во банките, но и многу поголеми од сите економски логики. Сепак, во услови на 36 постотна невработеност и никаква економска активност во државата, народот влегуваше во ризик, со позајмици, па дури и со продавање на целиот имот, сметајќи на брза заработувачка. Пропаста на ТАТ и пирамидалното штедење зави во црно многу семејства, а над 100 самоубиства се припишуваат како директна последица на ТАТ.

Во услови на банкарско работење, невозможно е функционирање на пирамидални штедилници без знаењње на функционери во власта, ки пак се и директни вложувачи. По пропаста на ТАТ, останува документирано дека „доказите се одземени од страна на претставници на МВР, активисти на СДСМ”, кои “селектирале и без записник одзеле дел од доказниот материјал”. Целиот случај го води Александар Прчевски во битолскиот суд, нетранспарентно, а јавен обвинител е Стеван Павлески.

Аферата која предизвика големи протести во сите градови на Македонија и пред Собранието на РМ, барајќи одговорност од власта заради вмешаност на министри, судската власт, обвинителството, банкарскиот систем.

Од Собранието каде опозицијата исто така се бараше одговорност од власта на бранко Црвенковски, остана само неговиот говор во кој што ја признава вмешаноста. Дека „не СДСМ, свети СДСМ да е вмешана, со „октоподот“ мора да се справиме“.

Сепак, во расчистувањето настрадаа само сопственичката на ТАТ и неколкумина околу неа, еден функционер од НБРМ, додека гувернерот беше разрешен од функција.

Република низ сведоштвата пренесени во фељтонот „Мрачното време на транзицијата“ ќе се обиде да одговори дали навременото расчистување на криминалот во власта ќе ја сменеше патеката на Република Македонија? Ќе имаше ли скок на светските економски ранг листи што ќе овозможеше влез на странски капитал? Ќе имаше ли невработеност од растечки 36 проценти? Ќе ја намалеше ли тоа 20 постотната сиромаштија?

Каква ќе беше сликата за македонското здравство денеска ако во 90-тите се спречеше излевањето во приватни џебови на над 100-те милиони евра слеани од здравството за надплатени здравствени апарати, добиени во зделки без тендери, без знаење на управните или надзорните органи? Колку сериозност на почетокот ќе оставеше државата ако се застанеше на патот на набавките на МВР под раководство на тогашниот министер Љубомир Фрчковски?

t3

Милиони евра за очила и слики

За јавните набавки меѓу 1991 и 1998 создадена е анкетна комисија која утврди милионски суми за набавка во здравството и во МВР. Така во здравството се потрошени 100 милиони евра за набавка на апарати, опрема, климатизација, медицински материјали кои се платени неколкукратно поскапо од сумата на пазарот. Притоа аптеките „зјаат“ празни, а за најобични медицински зафати се бара од пациентите сами да набават од медицински ракавици и газа, преку шприцеви и игли, лекови до друг потребен материјал. Притоа дури и средства од светската банка се искористени за градење на бесправни објекти и без знаење на раководните одбори.

Во МВР пак се случуваат набавки во кои постојано се споменува едно име на компанија од која за милионски суми долари се набавени преку 300 автомобили и возила, илјадници резервни делови, потоа компјутерска опрема, но и уметнички слики и друга галантерија за канцелариите во министерството. За владеењето на Фрчковски со МВР, останува и набавките на парадни коњи- Липицанери, потоа очила за сонце Реј-Бан и други трошоци.

Сопственикот на компанијата, пак е пријател со тогашниот министер од училишните денови, а кај него работат и роднини на министерот.

Генерациите и од тогаш и сега се прашуваат колку ќе ја сменеше сликата за Македонија доколку сериозно се земеа предвид сведочењата на Петрит Аме, кој при полициска истрага го одврзува јазолот меѓу криминалот и власта, поврзаноста на одлевањето милионски суми во џебовите на луѓе во и околината на СДСМ, луѓе директно вклучени во власта. Колку навистина тежеле зделките лицата кои ги открива Аме како дел од тимот на тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кршење на ембаргото кон СРЈ 1992, како Јован Андонов, Зоре Темелковски, Данчо Шутурков, Илија Иловски, Димитар Бузлевски, Љубомир Фрчкоски, Златко Соколиќ,, Ванчо Лазаров и други поранешни функционери на СДСМ, директори и бизнисмени што учествувале во организираниот криминал. Луѓе кои биле на министерски функции и кои управувале со најважните сектори во државата.

Фељтонот посветен на криминалот во Македонија во 90-тите, „Мрачното време на транзицијата“ ќе го опфати периодот од 1991 до 1998, период за кој е формирана и Анкетна комисија за истрага за јавните набавки. Фељтонот не случајно почнува во Септември, месец кој се поврзува со почетокот на падот на СДСМ и неговиот постојан лидер. Месец и датум, 15 септември, ден кој што жртвите на транзицијата го одбележуваат како ден на изгубените надежи, ден на илјадници стечајци, измамени штедачи, невработени, социјални случаи, земјоделци, пензионери, 150 затворени компании и над 200 илјади избркани од работа.

За да не се заборави. За да не се повтори.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.