Мрачното откритие за холивудски моќник ги тресе Клинтон и Обама

Откритието на дневниот весник The New York Times дека еден од најмоќните продуценти во Холивуд, 65-годишниот Харви Вајнстин со децении сексуално ги вознемирувал одредени актерки, доби и политичка конотација, откако неговите постапки за коишто сведочат холивудските ѕвезди како Ешли Џад, Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Мира Сорвино, Розан Аркет, фрлија дамка врз Демократската партија чиј финансиер била компанијата на Вајстин.

Поради ваквите поразувачки сознанија, Демократската партија дел од тие пари ќе донира во организациите за поттикнување на политичкиот активизам меѓу жените.

По овој повод се огласија и кандидатката на американските демократи за претседател на САД на изборите од ланскиот ноември, Хилари Клинтон, како и нејзиниот сопартиец поранешниот претседател Барак Обама. Клинтон на Twitter објави дека е „шокирана и запрепастена“ и дека „однесувањето какво што го опишуваат жените кои проговориле не може да се толерира“. Обама и неговата сопруга Мишел, пак, истакнуваат дека се згрозени.

„Секој човек којшто ги понижува и деградира жените на таков начин, мода да биде осуден и да одговара, без оглед на богатството или статусот. Треба да ја славиме храброста на жените кои одлучиле да ги раскажат овие билни приказни. И сите ние би требало да изградиме култура, вклучително и охрабрување на нашите девојки и учење на нашите момчиња на пристојност и почитување, така што во иднина ќе го намалиме обемот на ваквите однесувања“, се наведува во изјавата за јавноста на Обама.

Вајстин, за кого медиумите тврдат дека со години плаќал за вонсудски спогодби со неговите жртви, во прв ред со жени вработени во неговата компанија, ги отфрлил некои од обвинувањата, се извини за „нанесената болка“ на другите и замоли за „втора шанса“.

Таа шанса, меѓутоа, најверојатно нема да ја добие од неговата сопруга, англиската дизајнерка Џорџина Чепмне, којашто го напушти веднаш по објавувањето на вознемирувачките поединости од неговото минато. И компанијата чијшто коосновач е, се откажа од Вајстин откако е исклучен од страна на управниот одбор.

Осуди за однесувањето на влијателниот продуцент и поддршка за актерките коишто проговорија за нивните трауми и искуства во овој случај, не стигнуваат само од луѓето од филмската индустрија, како Мет Дајмон, Џорџ Клуни, Кејт Винслет, Мерил Стрип, Ема Вотсон, Џесика Честејн, Џенифер Лопез, туку и од други славни личности од американскиот јавен живот.

Меѓу многубројните признанија, Вајнстин е и добитник на Оскар за филмот „Вљубениот Шекспир“. Со братот Боб прво ја основале продуцентската куќа „Miramax“ којашто во 1993 година ја продадоа на компанијата „Walt Disney“ а во 2005 година ја основаа „Weinstein Company“, уште едно филмско и телевизиско студио.