Мралем Пјаниќ вреди колку Пасторе и пет милиони евра

Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на босанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Миралем Пјаниќ.

Освен паричната понуда, која нема да биде помала од 5 мил. евра, челниците на ПСЖ се подготвени во истата да ги вметнат и услугите на аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе, кој повеќе нема статус на стандарден првотимец на
“Паркот на Принцовите” иако “светците” пед 2.5 години платија рекордни 46 мил. евра за неговите услуги.

Иако понудата на ПСЖ звучи и повеќе од привлечна, челниците на Рома најверојатно ќе одбијат понудата за одличниот играч за врска.