МРТ одлучи: Гарванлиев ќе оди на Евровизија, се работело за перцепција

Македонскиот јавен сервис МРТ одлучи да не го повлече пејачот Васил Гарванлиев од годинашниот настап на Евросонг 2021, и покрај острите критики во јавноста и петицијата за повлекување на неговиот настап.

Комисијата за утврдување одговорност на 19-ти март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

„Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ објаснуваат од МРТ.

Гарванлиев објасни дека поседува и бугарско државјанство и дека неговата баба е по потекло од околината на градот Петрич.

Околу настпот на Гарванлиев имаше големи разногласија во македонската јавност, дури во прашање се доведе и неговото учество, поради тоа што многумина  бараа да не ја претсавува Македонија на ова европско натпреварување. Прво во спотот имаше детаљ кој асоцираше на бугарското знаме. Потоа самиот пеач призна дека има бугарски пасош, па некои политички кругови веднаш си го присвоија. Но, се чини, дека најважна е врската со Зорица Заева, сопругата на премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.