МРТ спроведува анкета за следниот претставник на Евровизија

Македонската радио телевизија бара мислење за тоа како да се избере следниот претставник на Македонија на Евровизија.

„Македонската радио телевизија, како полноправна членка на Европската радиодифузна унија, со лиценца за организирање и учество во најголемиот музички натпревар во Европа – Избор за песна на Евровизија, оваа година одлучи да го слушне мислењето на граѓаните на Република Македонија!,“ се вели во објаснување на МРТ за анкетата.

Како понудени одговори се:

-Македонскиот претставник треба да биде победникот на Скопскиот фестивал
-Македонскиот претставник треба да се избере по пат на интерна селекција во МРТ
– Македонија не треба воопшто да учествува на Евровизија