Мртов маж извлечен од водите на Вардар

Во близина на мостот кај с.Уланци, велешко, вчера на местото викано „Горна Лака“, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 04.12.2017 година.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.