Мртов маж најден на паркинг во Ново Лисиче

66

Тело на мртов маж е најдено попладнево на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче. Телото е откриено во 17.15 часот, јавува Телма.

Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места. Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда.

Полицајците се веќе на терен и се очекува и крим техника да изврши увид. Засега нема информации за можната причина за смртта на починатиот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.