Мртов маж пронајден во трансформатор во Тетово

Во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово вчера е најдено безживотно тело во внатрешноста на транформатор за електрична енергија. Телото околу 16:45 часот го нашол чуварот по што се јавил во тетовската полиција.

-Вчера во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У. Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По наредба на Јавниот обвинител тело на починатиот било предадено на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.