Мртви китови-пилоти во западниот дел на Исланд

Десетици мртви насукани китови биле забележани од страна на набљудувачи, за време на хеликоптерскиот лет над западниот дел на Исланд. Мртвите китови-пилоти биле фотографирани за време на патувањето во четвртокот, на плажа во Лонгуфјорур. Регионот каде што биле забележани е осамен, недостапен со автомобил и има многу малку посетители.

Полицијата во блискиот град Стиккихолмур  е веќе известена за откривањето.
Трагичните слики и снимки од плажата биле направени од хеликоптерскиот пилот Дејвид Шварцханс.

Тој изјавил дека летал северно на плажата, а потоа ги забележал. Не бил сигурен дали се работи за китови, фоки или делфини. По слетувањето пребројал околу 60 китови, но забележал дека можно е да бидат повеќе, бидејќи многубројни перки биле видливи во песокот.

Еда Е. Магнусдотир, експерт – поморски биолог и експерт за китови, изјавила дека кога таквите цицачи ќе влезат во плитките води “повеќето од нив имаат тенденција да станат дезориентирани”.
Таа додала и дека китови-пилоти обично пливаат во тесни групи, поради што многу од нив веднаш се заглавуваат.