МТЕЛ, членка на Телеком Србија групација го отвори првиот продажен салон во Македонија

Новиот телекомуникациски оператор во Македонија, МТЕЛ, членка на Групација Телеком Србија, свечено го означи почетокот на давање услуги во земјава отворајќи го првиот продажен салон лоциран на улица Македонија во центарот на Скопје.

Вратите на првата експозитура на МТЕЛ во Македонија на денешниот настан ги отворија генералниот директор на Телеком Србија, г-динот Владимир Лукиќ и генералниот директор на МТЕЛ, г-динот Марко Лопичиќ.

Во своите обраќања пред медиумите и присутните гости беше истакнато дека Телеком Србија, компанија кој што важи за лидер во телекомуникацискиот сектор во регионот, со особено задоволство ја започнува својата дејност во Македонија.

„Телеком Србија обезбедува услуги на преку 11милиони корисници во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Австрија. Исто така преку нашиот спортски канал Арена сме присутни и во Словенија, Хрватска и од порано во северна Македонија. Оттука нашата деловна одлука да ја прошириме нашиот бизнис во Северна Македонија, од наша гледна точка е потполно правилна и ќе донесе нова конкурентност, нови услуги, а пред се ќе се трудиме на корисниците во Северна Македонија да им го пренесеме целото  наше искуство во однос на нови телевизиски содржини и дигитални услуги. Ќе почнеме со услугата сателитска телевизија и од денес нашите корисници можат да уживаат, и на многу едноставен начин  да станат наши корисници, да видат најквалитетни спортски, филмски, и музички содржини. Од април наредната година ќе започнеме со услугите од мобилна телефонија и фиксен интернет, и со тоа ќе придонесеме кон уште поголема конкурентност, уште подобар квалитет на телекомуникациите во Северна Македонија “, истакна во својот говор генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.

Задоволството на корисниците ни е приоритет број еден. Групацијата Телеком Србија секаде во секоја од земјите каде што делува настојува да понуди нови концепти преку кои ќе го збогатиме искуството на корисниците и со тоа да допринесеме за понатамошен развој на телекомуникацискиот сектор во земјата и регионот.  МТЕЛ, со тоа, како дел од големото семејство на Телеком Србија на македонските граѓани им нуди ексклузивна и неповторлива понуда.

„На пазарот во Северна Македонија влегуваме со најдобра сателитска телевизија. За сите љубители на телевизиските програми подготвивме нови, ексклузивно возбудливи содржини. Нашата понуда внимателно ја осмисливме, сместувајќи ја во три атрактивни пакети со повеќе од 150 канали. Очекуваме дека нашите корисници ќе уживаат во најдобрите и најексклузивните спортски содржини низ Арена Спорт каналите, дека ќе уживаат во драмските содржини низ Суперстар каналите, тука се Токсик каналите за љубителите на музиката, исто така Пинк каналите, како и сите регионални и национални македонски канали и голем избор на детска програма. Очекуваме дека вака осмислената понуда ќе им биде прв и омилен избор на сите граѓани во Македонија,“, вели Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ.

МТЕЛ има големи амбиции за пазарот во Македонија и планира на корисниците во следниот период да им понуди и други телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.

Телеком Србија веќе обезбедува широк спектар на телекомуникациски услуги во делот на фиксната, мобилната телефонија, телевизиски и интернет услуги на повеќе од 11 милион претплатници на три регионални пазари во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. МТЕЛ Глобал, нашата членка со седиште во Австрија, има повеќе од 100 илјади корисници ширум Европа, САД и Канада.