МТСП: Обезбедено згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

За единаесетгодишно дете со церебрална парализа, кое го напуштиле двајцата родители и го оставиле со човек кој ниту знае како да се грижи за детето, ниту пак знае каква терапија тоа прима,  детето прима, Министерството за труд и социјална политика обезбедило грижа и сместување во мал групен дом.

-Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, се вели во соопштението од МТСП.

Денеска на социјалните мрежи и во одредени медиуми беше објавена информацијата за единаесетгодишното дете со церебрална парализа кое било напуштено од родителите и кое го чувал човек кој не знаел како да се грижи за него, ниту пак знае каква терапија детето прима.