![mtsp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/mtsp-450-678x381.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица, информира Министерството за труд и социјална политика.
Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, соопштуваат од Министерството, во Скопје функционира и медицински пункт во Момин Поток, во организација на Црвен Крст. Хигиенски производи се дистрибуирани и на бездомните семејства сместени во Визбегово.
– Министерството преку центрите за социјална работа организира акција за набавка и дистрибуција на средства за дезинфекција и заштитни средства за семејствата кои живеат во субстандардни услови, наведуваат во соопштението.