МТСП: Утре е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни (петок) е неработен ден за сите граѓани во Македонија.

Владата на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19.