МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2021/2022 година со која се опфатени вкупно 27 430 корисници на ниво на држава.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната  календарска година,

-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование изнесува  по 2.100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.