Му донела на синот хероин во тетрапак сок

Тетовка му однела хероин на својот син во затвор, скриен во тетрапак сок, информираше МВР.

На 06.10.2018 година околу 11 часот од страна на вработени во затвор Тетово при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С.(61) од село Мала Речица, тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин. По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.