Му испраќаа 101 роза, му пееше половина српска естрада, но ‘Боки 13’ во Шутка денеска ќе заборави на луксузните роденденски прослави од минатото 

Топ-тема во сите медиуми во Македонија, но сѐ погласни и во регионот е изнудувањето на рекет од страна на Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев, но и вмешаноста на Катица Јанева и Зоран Заев во аферата.

Италијанскиот весник минатата недела буквално ја растресе македонската влада и објави три видеа каде јасно се слуша и гледа дејството на изнудување рекет од страна на Боки 13 и Зоки Кичеец.

И додека македонската јавност е згрозена од целиот овој случај, а клопчето полека се одмотува, Боки 13 е во притвор каде денеска ќе го прослави и својот 33-ти роденден на 19-ти август.

Додека со години живееше во луксуз и изнудуваше рекети тој  прославуваше родендени на гламурозни начини, со пејачи, скапи храни, пијачки, а минатата година како да си го предвиде својот 33-ти роденден во затвор, па прослави на италијански начин.

Прославата може да почне, италијанска вечера за мојата 32, мала Сицилија во Скопје, напиша минатата година Боки.

Инаку во минатото на Боки на роденденските прослави му пееја многу српски и македонски пејачи меѓу кои и Лепа Лукиќ.