Му рекле да не фрла ѓубре, тој земал пиштол и се обидел да пука

Вистинска драма за банална причина се случила вчера во попладневните часови во Скопје.

Според информациите на скопската полиција, 79-годишниот В.В. откако излегол да фрли ѓубре, една група млади лица кои стоеле пред влезот му рекле да не го фрла таму бидејќи тоа не е место за ѓубре. Тој се вратил во својот дом, земал пиштол, за кој што поседувал дозвола, излегол надвор и вперувајќи го во нив се обидел да пука.

Старецот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.